ЧЕТВРТО МЕСТО

Шах

Во Охрид се одржа Државното шаховско екипно првенство, на кое учествуваше тимот на ГШК Прилеп. Целта – опстанокот е постигната со пласман на 4 место, со 3 бода и 11.5 поени. Поразите беа од Алкалоид (0-6), Гамбит (4-2) и Гостивар (4-2), ремито со Карпош (3-3), а победата над 4 Ноември Битола (4,5-1,5). Настапија: ИМ Тони Кироски, Дејан Ѓорѓиески, Кире Николоски, Марјан Дамчески, Дарко Балов, Горан Готовуша и Мартин Николовски.

Шампион е Алкалоид Скопје.

Loading