ПИВСКИ РАЈ БЕЗ КРАЈ

До недела се слави слатко горчливата пена

Pivo bez skara ne moze 2

Прилеп веќе се тресе од “пивска треска” на 15-тото издание на фестивалот Пивофест, кое сношти имаше спектакуларно отворање со Психомодо поп, IQ и Амадеус бенд, за в недела забавата да кулминира со ѕвездата на годинешната фешта, Северина. Љубителите на слатко горчливата пена не одолеаа на предизвикот, ги кренаа криглите замезени со вкусна скара, подготвена од прилепските славни мајстори. Градот е “заразен”. Дише во ритамот на пивото и скарата. “Жедта” се гасне со изѕемнато пиво на десетиците штандови низ центарот. Изненадување е понудата на белгиско, ирско, англиско, германско, грчко и сараевско пиво, од кои дел се со повисок процент на алкохол, односно 7, 8 и  9 отсто алкохол. Прилепската пиварница го нуди за уживање, покрај Златен даб, и новото руво на јунакот, Крали Марко по кое што градот е познат.

Тутунарите ја оставија бербата на листовите да бидат на празникот на пивото, а туристите од земјава и светот, особено сонародниците од странство, го окупираа градот, да вкусат од атмосферата, да го разладат грлото од африканските температури. Сите нашинци од странство, кои летово се на одмор во земјава, се селат во Прилеп за Пивофест.

{AG}460/pf{/AG}

Прилеп четири дена е престолнина на пивото во очекување неколку стотици  илјади посетители и мераклии на слаткогорчливата пена. Хостеси во носија ќе ги упатуваат гостите до штандовите. Забавата во малите ноќни часови до мугрите продолжува во кафетериите. За регулацијата на сообраќајот се грижат дестици работници, кои обезбедуваат паркинг простор за возилата на гостите. Локалните власти очекуваат и организирани групи од соседните земји. Сместувачките објекти се исполнети. За гостите е ставен на располагање бесплатен камп во Паркот на револуцијата. Камперите ќе се почестат со утринско кафе, чај и чорба. На гостите, кои нема да се снајдат сместување, им се препорачува да ги користат капацитетите во Крушево и Битола.

– Три-четири дена ќе бидеме на течна храна на пеколното време, оти  пивото е мелем за душата и лек. Нели во пивото доминираат б-витамините. Порано заземаме “позиција” пред вечерашниот метеж. Погоден ни е муабетот и пивото се лизга со кебапчињата за мезе – мајтапџиски објаснуваат дел од прилепчани веќе запоседнати на масите на спремните пиварници.

Ноќва ќе пеат Don Minott amp; Conquering Lion, Нокаут и Ален Исламовиќ. В сабота, публиката ќе ја забавуваат Елена Велеска, Анабела и Харис Џиновиќ. На последната вечер ќе настапат Тајфата со Димитар Андоноски, Џамбо Агушев и хрватската икона на фолкот, Северина.             

Loading