Октетот Прилеп в среда, 19 јули од 20 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе има летен концерт. Заљубителите на староградската песна ќе се претстави со богат избор, во кој ќе има и композиции кои првпат ќе се исполнат.
Октетот со години работи под покровителство на ЦК ,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна. Го претставува градот на бројни фестивали. Издал неколку албуми. Со октетот раководи младата и амбициозна музичарка Валерија Николоска.