Во билиотеката
Во тек е реновирирањето на детското одделение во библиотеката, за што од буџетот и од сопствени средства се одделени 300 илјади денари.
– Детското одделение ќе стане модерно и современо катче за најмладите читатели, во кое ќе бидат подобрени не само услови за издавање на книги за децата, туку и за вработените. Детскиот фонд располага со околу 30 илјади книги – вели директорот Петар Петрески.
Паралелно е набавена нова литература од три издавачки куќи за 60 илјади денари.
– Набавивме стотина нови наслови, претежно белетристика, помалку лектири за да се задоволат барањата на читателите – потенцира Петрески.