БЕЗ ЦРТЕЖ НЕМА ТВОРБА

5 Crtezot e najvazen vo umenosta -   Kiril GegoskiКирил Гегоски, уметник

По подолго време нашиот уметникот Кирил Гегоски  ги почести своите сограѓани со изложба на цртежи, дел од циклусот „Патување“. Со презентација на дел од последните ликовни преокупации одбележува 50 години творештво, членство во ДЛУМ и формирањето на групата 2002, во која, освен Гегоски, членувале и Ачески и Васил Костов.

– Поводот е многу значаен, заради формирањето на групата, која со крајни напори се ,,боревме,, да направиме исчекор во уметноста во тој период – изјави Гегоски.

Цртежите се создавани последните две години.

– Светски патник сум. При патувањето бележам –  скици, записи, видувања. Така се создадоа овие цртежи, комбинација од патувањата низ Македонија и Англија. Изработени се со четка, туш и црна боја на хартија со стандардна големина. Пренесени се забележувањата од природата. Малку има и трансформација во цртежот, а форматот е за патувања, затоа што како наслов, планирам изложбата да патува – објаснува уметникот.

Гегоски малку слика, ама изработува милиони цртежи.

– Цртежот е посилен од сé. Нема ништо поубаво. На секој уметник му лежи цртежот. Пренесувањето на доживувањата на хартијата е основата на секое дело. Душата на творбата е токму цртежот. Тој е тешка дисциплина, можеби една од најтешките во уметноста. Порано немаше материјали, ама сега изборот е многу голем. Сепак, најважно е како се користи даденото. Борка Лазески, во чија галерија ги изложив цртежите, велеше – „Линијата е душа. Ако линијата има душа, тогаш цртежот вреди” – илустрира Гегоски, кој досега освоил бројни награди, најмногу за графика.

Овај тип на слики, графиките, вели дека се работат помалку, една до две во годината, бидејќи им треба простор за чување.

Гегоски завршил училиште за применета уметност во Скопје во 1964 година. Ликовно се изразува во повеќе техники – маслена, акварел, цртеж, графика. Преокупација му е Прилеп и природата. Смислата на ликовното изразување ја бара во разновидното компонирање на геометриски повлечената линија која не е лишена од сензибилност.

Остварил студиски патувања во Париз, Венеција, Атина. Имал над 50 самостојни изложби во земјава и во странство и бројни групни изложби. 

Loading