ИНОВАТИВНИТЕ МЕТОДИ ВОДАТ КОН КРИТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ И ПОГОЛЕМА МОТИВАЦИЈА

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“

T.I.M.E. – Towards Innovative Methods in Education (Кон иновативни методи во образованието) е проект на училиштето СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп во рамките на ERASMUS+ програмата, финансиски поддржан од Европска Унија и менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Во проектот се вклучени 5 мобилности на наставници. Мобилностите опфаќаат обуки во странство за иновативни методи во образованието.

sl 1

“Придобивките од вакви обуки во странство кои се одвиваат во рамките на програмата ERASMUS+ се многубројни. Главна цел на истите, во насока на модерните Европски текови во образованието е поголема ефективност и ефикасност во образовниот процес, зголемување на мотивацијата на учениците за учење, како и подобри и полесни пристапи во наставата за објективно оценување. Обуката на нашите колеги во Прага, која опфаќа 2 мобилности од проектот е од големо значење за нашето училиште, наставниците и учениците: интернационализација на училиштето, интеркултурна свесност, размена на искуства и знаења за нашиот образовен систем и образовни системи од други држави во Европа, пренесување на искуствата и знаењата од обуките за подобрување и модернизирање на наставатa итн.” – нагласува координаторот на проектот Марина Попоска.

Двајца наставници од тимот од проектот T.I.M.E., Габриела Пацаноска и Николче Богданоски, учествуваа на обуката со наслов Иновативни пристапи во наставата, одржана во периодот од 22.05 до 26.05.2017 во Прага, Р. Чешка. Обуката се одвиваше преку  активни работилници, комуникација и предавања. Иновативни пристапи во наставата е практичен водич кој помага во подобрување на квалитетот и ефективноста во образовниот процес во училницата.

sl 2

sl 3

sl 4

sl 5

Охрабрувајќи ја креативноста на учениците  преку ICT алатките се развива и критичкото размислување кај учениците и нивна поголема мотивација.

sl 6

sl 7

Во обуката беа опфатени 10 модули: Развивање на способностите кај учениците  важни за 21 век, Критичко и креативно размислување и  негово развивање кај учениците, Учење преку изработка на проекти и истражување, Изработка, имплементација и оценување на проект, Модерни трендови во оценувањето, Справување со мултикултурни класови, Адаптација на материјалите за учење со цел да ги задоволат потребите на мултикултурните класови, Насочување на учениците како да учат, ICT алатките како средство за развивање на креативноста и критичкото размислување, и Формативно и сумативно оценување.

Како дел од активностите на обуката беше и посета на училиштето “Základní škola Červený vrch” во Прага (ученици на возраст 6 -16 години) каде се применуваат иновативните методи  во образовниот процес. Нашите наставници заедно со другите наставници од Европските земји учесници во обуката ги посетија просториите на училиштето и разменија мислења и ставови со наставници и ученици од училиштето домаќин.

За време на обуката, нашите наставници, пред останатите учесници наставници на обуката, ја преставија нашата гимназија и македонскиот образовен систем преку мултимедиална презентација, каде беа запознати со културните знаменитосити на градот Прилеп и Р. Македонија.

За успешно завршена обука, наставниците се здобија со сертификати. Обуката во Прага е од големо значење за учениците од нашето училиште. Наставниците ги зголемуваат своите компетенции со ваквите проекти и своите знаења, стекнати на обуките, ги применуваат во текот на образовниот процес во училницата на часот пред своите ученици.

sl 8

sl 9

sl 10

Loading