СЕКОЈ ДЕН БИЛЕТИ ЗА ФАНОВИТЕ НА ПЕПСИ

На УЕФА Суперкуп Скопје 2017 на 8 август

4.Pepsi Super-Cup-768x419

Пепси го најавува еден од најголемите настани во македонската историја: УЕФА Суперкуп Скопје 2017, што ќе се одржи во Скопје на 8 август. Како официјален партнер, а заедно со Прилепската пиварница, ексклузивен полнач и дистрибутер, Пепси ја доближува македонската публика до овој историски настан што ги надминува и границите на светот на фудбалот – настан што претставува славење на страста, радоста и на локалниот македонски дух.

Пепси ги поддржува ,,живеењето на моментот,,, возбудата на сегашноста и се стреми да инспирира и да отвора нови можности за сите креативни и слободни луѓе. Ги кани сите македонски фанови на славење цело лето со многубројни изненадувања што ќе кулминираат со спектакуларниот #PepsiMomentstoRemember на 7 и 8 август на плоштадот Македонија и околу арената Филип Втори.

УЕФА Суперкуп Скопје 2017 не смее да се пропушти. Пепси ќе отпочне наградна игра, во која ќе подарува влезници секој ден! Пепси ќе им даде шанса да бидат дел од уникатниот настан на оние што ќе ги испратат наградните кодови преку СМС или онлајн на pepsi.com.mk.

Погрижете се да ја следите Пепси Македонија на Фејсбук и Инстаграм, со цел да не пропуштите ништо!

Loading