Повисоките температури одамна ги разбудија и ги раздвижија влекачите. Изгледа ладната зима не ги редуцира, особено змиите, кои веќе се движат во околината на градот. Љубителите на природата велат дека врие гуштери и змии во каменитите карпести предели. Наш сограѓанин пред неколку дена имал ,,блиска средба,, со поскок во неговиот пчеланик кај лозјата во месноста Кула. Змијата не била во ,,поход на мед,. засолнета во близина на пчелните семејства. Иако било пладне, отровницата не успеала со змискиот атак да го погоди пчеларот при проверката на сандаците. Тоа сепак било доволно пчеларот да ја совлада опасноста со стап и да ја фотографира како трофеј. Ја убил змијата со рокче, која во одбрана напаѓа со скок.
Ги демне опасноста од влекачите не само пчеларите, лозјарите, градинарите или овоштарите, туку и тутунарите, кои во овој период се најприсутни во природата. Затоа, на штрек.