ПРОМОЦИИ

Во изминативе месеци во Градската библиотека се одржаа повеќе промоции, предавања и средби. Би издвоиле неколку, кои, според наше мислење,  го обележаа овој период. На 10.1.2017 г. Др. Соња Николова од Штип го промовираше својот научен труд „Методија Шаторов – Шарло меѓу наковалната и чеканот”. Промотор на ова ретко издание беше проф. Др. Тодор Чепреганов, во кое авторката дава одговори на многу непознаници и дилеми околу политичката и животната биографија на овој еминентен македонски револуционер.

Во издание на „Мариовско – мегленските културни средби”, на 3.3. 2017 г.  беше промовирана поетската книга „Збирка на лични поетски творби 2013 – 2016 г.  На 1.4. 2017 г. промоција доживеа поетската книга од Игор Трпчески „Духот на тишината”, за која што Трпчески ја доби единствената награда (објавување на книга) на „Европскиот поетски фејсбук фестивал”, кој се одржа во месец мај во Нови Сад, Р. Србија. „Се што не ти кажав” е новото дело на Тања Димеска, кое се промовира во Библиотеката на 17.3.2017 г. Коста Шеќероски на 17.4.2017 г. го промовира својот најнов роман, ,,Проклетство,,. На 12. мај 2017 г. Слободан Беличански ги претстави двете најнови книги на едно од најплодните писателски имиња од Прилеп, нашата Мирјанка Ристеска – Селчанец, романот ,,Интимни исповеди,, и стихозбирката ,,Крлушки од душата,,. 26.5.2017 г. се промовира книгата  „Мариово низ вековите – хроника за три периоди”,, едно од највредните изданија што Библиотеката ги има објавено во последно време. 

Loading