МФЦ-СОЛАР
Фирмата МФЦ Солар на Звонко Димески е првиот и единствен производител на соларни панели за производство на струја во земјава. Мотивите се што соларната енергија има иднина, а системите за трајна експлоатација на сонцето и транформирање во струја допрва ќе се напредуваат поради тоа што фосилните горива се при крај, се скапи и ја загадуваат животната средина. Од друга страна, сончевите зраци може да се користат вечно. Тие се обновливо бескрајно количество на енергија. Бидејќи светот е гладен за електрична енергија, особено кај нас за населбите кои не се електрифицирани, подалеку се од електричната мрежа како диви населби викендички, струја за системи за наводнување, за чамци и други скапи пристапи, се потребни соларните панели.
Многу години МФЦ-Солар успева енергијата на сонцето да ја скроти и да ја стави во служба на луѓето. Веќе развива поефикасна продукција со технолошки иновации со набавка на нови скапи машини. Паралелно подготвува нов погон за зголемување на квалитетот, ефикасноста и асортиманот.
– Исплатливоста на инсталациите на соларните панели е одлична. Кај нас уште платите се ниски. Инаку, исплатливи се за пет години, а експлоатацијата со обезбеден сервис е 25 години – вели Димески.
Бесплатната електрична енергија преку панелите се носи онаму каде нема приклучок за струја или пак приклучокот е прескап. Соларните панели се погодни за куќа, викендички, фарми, штали, мали погони, мотели, ресторани, телекомуникации, рибник, вадење на вода со помош на пумпи за полевање на посевите и друго. Со нив нема давачки за улично осветление и РТД-такса. Особено се исплатливи ако приклучокот за струја е далеку и е потребен плус трансформатор. Затоа најевтина варијанта се соларните фотонапонски панели.
– Суштината на моето производство е инсталирање на готови соларни келии кои се од увоз и ги произведуваат само неколку фирми во светот. Останатите материјали, како калено стакло, жици пластики, приклучни кутии, алуминиумски рамки се собираат и се прави соларен фотонапонски панел. Процесот е со специјални машини. Само машината, ламинатор, за постапката чини околу 50 илјади евра. Со неа се постигнува полн вакуум и 180 степени целзиусови да се произведи панелот. Од тоа зависи ефектот на панелот и трајноста. Се нудат четири вида, од 30 вати, 70, 150 и 258 вати. Се нудат и според потребите. Цените се 0,8-0,9 евра од ват. Плус обезбедувам сервис. Или практично, за викендичка најпродаваниот комплет или систем има три панели од 150 вати, акумулатор инвертер и контролер. Цената со монтажа е илјада евра. Веќе е мониран во преку 50 викендички во земјава. Задоволува 24 часа помал фрижидер, неколку штедливи светилки ноќе, ТВ, полнач за мобилен. Можно е да се вклучи бор машина на кратко, не е проблем – објаснува Димески сопственикот.
Со новиот објект ќе се прошири капацитетот на производство на постојните панели за струја и ќе се воведи нов модел за пумпи со варијабилен напон од 12 и 24 волти.
– Системите за пумпи за наводнување за в поле се вклучуваат наутро кога ќе се појави сонцето и се исклучуваат на зајдисонце, без да е важна силата на пумпата. Процесот е сосема автоматизиран. Нема акумулатори и трајноста е 25 години – кажува сопственикот на МФЦ-Солар.
Тој очекува промена на законската регулатива и граѓани да постават сопствени сончеви централи на покривите за производство на бесплатна струја за сопствените потреби. Вишокот ќе го даваат на дистрибутивната мрежа дење, а ноќе ќе земаат струја од онаму каде што ја дале.
– Ова кај нас, засега, не е можно. Развиените држави го поддржуваат поставувањето на фотонапонски панели за да се ползува, зелената, обновлива енергија на сонцето. Кај нас не би требало да има и поддршка. Нужна е промена на законот за фотонапонски системи за куќи, дуќан или погони и да се произведува бесплатна електрична енергија – потенцира Димески.
Фирмата на Димески пласира панели за струја и на големо на дилерите во земјава. На потенцијаланите муштерии им препорачува да им олесни инвестицијата да се информираат за т.н. “зелен кредит” со ниски камати во Алфа банка и Халкбанка.