
Библиотеката во изминативе години го измени својот лик и во голема мера се прилагоди на новите библиотечни трендови кои се во функција на подобрување на библиотечните услуги. Таа се претвори во современа културна институција во која што љубителот на книгата е добродојден и секогаш услужен.
Тргнувајќи од овие заложби, а со цел на најмладите читатели да им создадеме убав, атрактивен и функционален простор во кој тие ќе се чувствуваат пријатно и релаксирано, за многу кратко време, целосно ќе се реновира детскиот оддел, добивајќи ново лице и нови содржини.
Вака ќе изгледа реновираниот детски оддел во Библиотеката


![]()

