ОПСТАНОК НИЗ 13 ПОБЕДИ

Ракомет

Доминантна беше играта на Прилеп во плеј-аут фазата, а во тој стил е и последниот меч. Добиен е со 36-39 на гости кај Металург 2. Ова беше 13 победа од 20 меча во овој дел, покрај четири нерешени и само три пораза. Освоено е второто место, само бод помалку од првиот. Показатели кои потврдуваат за квалитетот на екипата, која има неколку поискусни, а мнозинството се млади играчи. Наесен се очекува повисок пласман и пак борба за место во плеј-офот. Во Супер лигата нов противник ќе биде Младост од Богданци, а отпаѓа Работнички.

Табела: Пролет 44, Прилеп 43, Радовиш 36, Вардар 28, Металург 2 – 24, Работнички 0.

Loading