ДРОНОВИ ЛЕТАА „СТОТКА“ НА ЧАС

Спортски взодухопловен натпревар

Воздухопловниот клуб Фил феникс ја организираше еднодневната трка со дронови, наречен ФПВ рејсинг, која е дел од Европскиот куп. Летовите беа на стадионот Могила кој понуди одлични услови и за овој спорт на проектираната прилично тешка патека, составена од капии и знамиња. Во пет часа, натпреварувачите од Прилеп, Битола и Охрид имаа тренажни летови. Преку квалификации дојдоа до елиминации и пласман за полуфинале и финале. Голем успех постигнаа домаќините. За нив се сите трофеи. Второто место е за Охрид, третото за Битола. Просечната брзина што ја постигнаа беше 100 км. на час.

Поединечен пласман: Бојан Ников, Александар Ников, Ѓорѓи Синадинов (сите од Прилеп), Александар Колов (Охрид). Тие се избраниците на селекторот Здравко Тодороски за настап на Европското првенство.

Loading