Историја
Во организација на СИЗ за физичка култура и РК Тутунски комбинат, секое лето се одржуваше традиционалниот ракометен турнир „Гана – Мери“ во чест на некогашните легенди на клубот, Миодраг Тасески – Ганата и Симеон Мерипушкоски – Мерио. Од 1989 година настанот доби меѓународен карактер. Тогаш учествуваа второлигашите Т. Комбинат (Прилеп) и Косово (Вучитрн), прволигашите Железничар (Ниш) и Филипос (Верија, Грција). Првиот ден во салата Македонија беа полуфиналните натпревари: Т. Комбинат – Филипос 23-19, Железничар – Косово 31-28. Вториот ден во борбата за третото место Филипос – Косово 32-28, а во финалето Т. Комбинат со убедливи 30-25 го совлада фаворитот Железничар.
Во екипата на Тутунски највозрасни беа Богданоски, Арсоски и Велјаноски, а тренер беше А. Гулески.