СТИПЕНДИЈА ЗА РИКАЛОСКИ

Пинг-понг

Младиот и надежен член на ППК Младост 96, Александар Рикалоски, го освои второто место на Изборниот турнир ,,Топ 8″ за младинци во Скопје. Тоа е пресудно само за еден бод да заостане зад лидерот во генерален пласман, Филип Костадиновски од Штип. На конечната ранг-листа прилепчанецот на второто место има дури пет ипол бода повеќе од третиот, Методи Бужаровски од Скопје. Во четирите изборни турнири на Државното првенство, Рикалоски двапати беше прв, еднаш втор и еднаш трет.

Инаку, на натпреварот во Скопје, во мечот за првото место, тој загуби со 3-1 од Костадиновски.Претходно го совлада Бужаровски. Билансот е шест победи и еден пораз. Пласманот на второто место од конечната ранг-листа носи место во Младата репрезентација на Македонија, која од 7 до 11 јуни ќе настапи на Балканското првенство во Бугарија. Резултатите носат и втор бенефит, стипендија од Агенцијата за млади и спорт.

Loading