ЗА ПОБЕДА 0,35 % ОД БРУТО ПЛАТАТА

Историја

Есента 1981 година Победа бележеше слаби резултати во првенството на Втората лига на Југославија (во 12 кола освои само шест бода) и затоа се бараше излез. Едно од брзите решенија беше моделот за трајно финансирање. Општинските институции потпишаа самоуправна спогодба.  Се одреди да се издвојуваат по 0.38 отсто од бруто личниот доход на вработените. Се обезбедија пари за 60 отсто од клупскиот буџет. Остатокот требаше да се надополни од СИЗ за физичка култура, спортска прогноза, лото и од продадени влезници. Со планот требаше веднаш да се подмират долговите кон играчите, тренерите и обврските кон ФСЈ, ФСМ и други организации.

Сепак Победа отпадна и на нов влез во погорен ранг чекаше четири сезони.

Loading