СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ДРОНОВИ

Прилеп куп – нова атракција

Letanje dron

Денеска, утре и в недела вниманието го свртуваат натпреварите во летање квадрокоптери (дронови), нова и атрактивна воздухопловна дисциплина во која се инкорпорирани последните достигнувања на технологијата. Натпреварот е именуван како ,,Прилеп куп” во организација на клубот ,,Фил феникс”. Бидејќи учеството го откажале најавените екипи од Бугарија, Романија и Франција, ќе нема странци, но меѓународниот карактер ќе биде задржан, бидејќи сите бодови од натпреварот ќе се пресметуваат за Европскиот куп.

Претсои атракција за сите љубители на спортот, да погледнат со какви вештини за управување дронови имаат прилепските и македонските натпреварувачи. Денеска од 9 до 17 часот се тренажните и квалификациските летови, планирани за на стадионот ,,Могила” (ако условите не дозволуваат алтернатива е салата од Гимназијата). Ќе настапат јуниорите, а најдобрите ќе се појават в сабота, заедно со сениорите. Неделата е резервена за евентуални поместувања.

Организаторот најавува дека Светскиот куп ќе се одржи наесен, до кога ќе има време за подготовки, што е неопходно, со оглед на карактерот на дисциплината, сосема нова, каде во улога на пионери се јавуваат Прилеп и Македонија.

Одлични јуниори

Државното првенство во воздухопловно спортско моделарство беше успешно за прилепските јуниори во Ф-1-А. Најдобри беа Бојан Ангеловски, Анастасија Пожарска, Александар Пацароски (Фил феникс). Екипно Фил феникс е втор, а истото место и генерален пласман. Успехот беше повторен и на ,,Куп Битола” каде се придодаде Давид Најдоски (АК Прилеп). трет во Ф-1-А. Најдобрите влегуваат во составот на селекторот Здравко Тодороски и тренерот Диме Велкоски за настап на Европско.

Loading