ПРИЛЕП – МЕТАЛУРГ 2

Ракомет

Шанса за нова победа на Прилеп, до дадена во низата, е натпреварот викендов дома со Металург 2. Домашниот состав на тренерот Ице Соколески и со подмладена постава покажува надмоќ во фазата на плеј-аутот. Добивката е двојна – надежите добиваат искуство, а воедно продолжува успешниот од. Добро е во последните три меча да се соберат бодови за повисок пласман. Шансите за врвот во оваа група уште постојат и со високото место на конечната табела ќе се покаже дека екипата може и повеќе.

Табела: Радовиш 36, Пролет 35, Прилеп 34, Вардар ј. 25, Металург 2 – 18, Работнички 0.

Женската екипа на Прилеп учествуваше во завршницата од Купот на Македонија во Скопје. Во полуфиналето очекувано, поради преполовениот состав, без неколку повредени, загуби од домашниот Металург (43-15). Претходно заврши обврската во основниот дел од првенството. Последното гостување беше во Свети Николе, со претрпен пораз (33-27) од Овче Поле.

Табела: Вардар јуниор 66, Металург 63, Куманово 51, Прилеп 24, Гевгелија и Овче Поле по 21, Пелистер 6.

Loading