Кај судот
Езерцето и паркот пред судот останаа без својот украс – пајките. Убавите перјани животни биле нападнати и масакрирани најверојатно од кучиња. Глетката била ужасна. Според очевидците, потврдено и од аматерското видео, пајките биле речиси искасапени. Некои лебдат мртви на водата, некои на пешачката патека, а други со знаци на живот се борат беспомошно со крвави рани на грбот или на вратот…
Инаку, пајките беа атракција во паркот. Се башареа во водата. Прилепчани уживаа и кога на 40 степени, наместо во малото езерце, се пикаа под сенката да се сокријат од горештините. Уживаа и во дождлива плажа. Во врнежлив ден, често се капеа под природниот туш, додека дождот ги миеше, а тие со клуновите ја чешлаат рубата. Издржуваа студ кога замрзнуваше дури и водоскокот.
Паркот имаше богата фауна. Покрај пајките и гулабите, езерцето беше порибено со жолто-портокалови и шарени јапонски крапови.
За амбиентално вклопување пред повеќе години се изгради парк со езерца, детски игралишта, пешачка патека и уредени места за починка.
Паркот кај судот е “шема” за младите, особено лете.