ВОЗМОЖНИ СЕ 42 БОДА

ФУДБАЛ: Нема кој да ја запре Победа

В недела нова жртва е Македонија ЃП

Miroslav Stanik 2

Многу значи вербата во животот, во фудбалот. Славниот хрватски тренер Ќиро Блажевиќ има кажано: ,,Сите во репрезентацијата верувавме дека ќе стигнеме до завршницата и затоа станавме трети во светот, а во верувањето да се придружеше и цела нација, ќе станевме светски шампиони”. И во екипата на Победа ја имаа вербата. Токму тогаш кога се редеа скромни резултати и некои велеа дека се заканува отпаѓање. Практично, се повтори ланската пролет, кога од загрозен второлигаш тимот стана второлигашки првак и влезе во Првата лига. Сега, прво беше совладана големата Шкендија, потоа на гости директниот конкурент за седмото место Шкупи и во неделата со 1-2 секогаш ,,тврдиот орев” Брегалница во Штип. Головите се дело на Гешоски од пенал и на Станиќ.

По поразот на Шкупи од Пелистер, најпосакуваното, спасоносно, седмо место, е достигнато и треба да се задржи до крајот. Борбата  продолжува. Во преостанатите три кола Победа дома игра со Македонија ЃП и Ренова, а гостува на Работнички. Шкупи дома ги чека Брегалница и Македонија ЃП, гостува на Силекс. Од три меча доволни се седум бода за директен опстанок, со оглед на подобриот скор со екипата од Чаир (две победи и две нерешени). В недела (16.30 ч.) на Могила е ретка можност за фаворитска улога на Победа, против отпаднатата и последнопласирана Македонија ЃП.

Табела: Вардар 76, Шкендија 65, Работнички 53, Пелистер 51, Ренова 48, Силекс 42, Победа 35, Шкупи 33, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.

Loading