РИСТЕСКИ ЈУНАК ВО ПОДГОРИЦА

ПИНГ-ПОНГ

Градов има одлични спортисти и меѓу лицата со инвалидитет. Во играта со белото, целулоидно топче, се истакнува Рубинчо Ристески. Блесна во Подгорица, Црна Гора, на Меѓународен балкански турнир. За два дена издржа силно темпо, одигрувајќи 15 меча. Ги совлада  сите противници од Црна Гора, Македонија, Србија и Хрватска. За првото место доби пехар и медал. Јунак е на турнирот, бидејќи победник е и во двојки, заедно со скопјанецот Марио Зафировски.

Следен голем предизвик е Европското во Словенија.

Loading