НАЈДОБРА ПАРТИЈА

Одбојка

Dva boda - Ekipata na 11   Oktomvri

Одбојкарките на ЖОК 11 Октомври ја прикажаа најдобрата игра  на Кадетската лига на Македонија. Во салата на СОУ ,,Ѓорче Петров” убедливо со 3-1 (25-22, 25-18, 17-25 и 25-13) ја совладаа екипата на Форца волеј од Скопје. Публиката ги виде сите убавини на овој спорт, од блок, прием – одбранбени, до акција, смеч – напаѓачки потези. Домашните најдолга серија имаа во вториот сет, кога наредија 14 сервис – поени, благодарение на Христина Димкар. Можеше да биде и 3-0, но се случи мала криза, од која бргу се најде излез. Сите девет првотимки влегоа во игра и дадоа максимум.

Првенството продолжува по две недели, со гостување на 11 Октомври.

Loading