ЧУДО ОД ДЕВОЈЧЕ – БАРБАРА

Борење

Stefan Stojanoski i Barbara   Stojkoska

Во салата на ОУ „Добре Јованоски“ во организација на БК 7 Мај Леов се одржа Првиот меѓународен турнир во слободен стил и женско борење ,,Љупче Црвенкоски”. Цел ден имаше интересни борби, а меѓу нив најсилен впечаток остави 12-годишната Барбара Стојкоска која беше најдобра во категоријата до 15 години. Прво победи Косовка, 12-топласирана на Европско, правејќи пресврт. Откако губеше со 0-8. со агресија во втората рунда, за 15 секунди успеа да ја тушира. Во второто коло за 40 секунди совлада Бугарка, а во третото истото ја снајде и ривалката од Неготино. Покрај Стојкоска, ,,злата” освоија: Катерина Мирческа, Стефан Стојаноски и Марјан Мимичкоски. Вторите места ги освоија: Петар Насески, Леонардо Насески и Теодор Темелковски, а третите места: Христијан Пенков, Леонид Каратошески, Филип Стојкоски и Александар Стојкоски. Домашниот клуб освои најмногу медали -11, а втора е Лирија со 8.

Најдобар борач на турнирот е Барбара Стојкоска, техничар – Стефан Стојаноски (7 Мај Леов), странец – Андрета Гаши (Косово), Минир Реџепи (Лирија Скопје), судија – Илчо Марковски (Прилеп).

Loading