ЦВЕТААТ АДРЕНАЛИНСКИТЕ ВЕШТИНИ

Karpite se predizvik za iskacuvacite

Во изминатиов период Прилеп стана центар за развој на екстремните спортови не само во Македонија, туку и во поширокиот регион. Алтернативниот спортски туризам носи илјадници посетители. Болдерингот, параглајдингот, планинскиот ултрамаратон, планинскиот велосипедизам, одењето по лента над провалија, мото крос трките, мечевите на скејтерите и натпреварите со џипови се атракитивните дисциплини со екстремни карактеристики. Затоа градот е хит дестинација за љубителите на адреналинот.

Поради уникатните карпи околу Прилеп, особено на локалитетите Камена Баба, Маркови кули и Трескавец, локалната самоуправа го поддржува развојот и промоцијата на болдерингот. Станува збор за искачување на помали карпи, без никаква опрема, туку само со раце и нозе. Прилеп повеќепати беше домаќин на меѓународни натпревари и стекна репутација на привлечна локација. Во 2014 година се организира меѓународен натпревар и се снимија многу промотивни видеа. Затоа градот се најде на страниците на светските медиуми.       

Околината на градот е една од десетте топ дестинации за развој на болдерингот во Европа со надежни перспективи за развој на овој екстремен спорт и кај нас.

Loading