ПРЕМИЕРЛИГАШКИ ТРЕНЕР ЗА НЕСТОРОВСКИ

Италија

Тренерите во фудбалот се најпроменливата категорија, а во италијанскиот прволигаш Палермо бркаат рекорди токму на овој план. Сезоната во Серија А не е завршена, има уште седум кола, но екипата на Илија Несторовски ве’ќе го има петтиот тренер. Тоа е Диего Бертолучи, чиј последен клуб беше англискиот премиерлигаш Свонси. Пред него е задачата да се обиде 19-топласираната екипа да ја искачи две места погоре на табелата, што би значело опстанок. Таа мисија е речиси невозможна, со оглед на разликата од осум бода со 17-топласираниот. Сепак, во овој период може барем да се поправи впечатокот. За Несторовски е предизвик нов гол, додаден на досегашните 10.

Првенството продолжува в сабота, а екипата на Палермо дома игра со 14-топласираната Болоња.

Loading