Пинг-понг
Има шанси за опстанок на Младост. Постариот прилепски суперлигаш, составен од ветерани, одигра одлично дома и со 5-1 го совлада скопскиот Телеком. Првата партија ја доби П. Јованоски, потоа две победи нареди Јочкоски, во меѓувреме и М. Петрески, а во завршницата мајстории демонстрираше и тренерот – играч З. Јованоски. Неговите остри сервиси како да летаа невидливо низ мрежата и беа нерешлив проблем за Симиќ. Во ова коло порано се одигра мечот Вардар – Младост 96, 4-5. Според тоа, деновиве е на ред градското дерби Младост – Младост 96.
Табела: Гоце Делчев и Работнички 20, Вардар и Шампион ФА 12, Младост 96 – 8, Младост, Радовиш и Телеком 4.