НАПРЕДОК – ПАРТИЗАН 1-2

Трета

Екипата на Напредок Крушеани не личи на себе, ако се спореди со есеноска. Пролетва резултатите се мошне бледи, така што се случи дома со 1-2 да загуби од Партизан Обршани. По домашното водство преку Чешелковски, следеше пресврт со головите на М. Ефтинџиоски и Талески.

Во следното коло Напредок оди кај Кожуф Гевгелија, а Партизан е слободен. Тимот на Големо Коњари со 4-2 загуби во Дојран, а в сабота е гостин на Питу Гули. Крушевчаните претходно беа слободни, поради исклучувањето на 11 Октомври. Од тоа коло најинтересниот меч, дербито Борец – Кожуф, заврши нерешено 1-1.

Табела: Кожуф 53, Борец 45, Победа В. и Превалец 38, Напредок К. 31, Гемиџии и Младост У. 27.

Loading