АПЛАУЗИ ЗА ЈУБИЛЕЈОТ

Teskoto predizvika ovacii na   jubilejniot koncert na KUD Mirce AcevКУД „Мирче Ацев“ прославувајќи го јубилејот 70 години, одржа извонреден концерт, кој долго ќе се памети. Играорците од различни генерации покажаа дека се бренд за градот, виртуози на народниот танц со бравурозните усогласени ритмички движење на нозете и рацете и со хармонијата на песните. За седумдецениското постоење потврдија дека креирале ора полни со жар, љубов и посветеност. Се демонстрира дека и меѓу помладите силно гори пламенот на негување на богатиот македонски фолклор. Се редеа сплетови еден по еден, одиграни од неколкуте генерации, дури и најмладите даруваа сплет од Источна Македонија, Драчевка….

Почетокот фантастичен. Изведбата  на Невестинското и Тешкото никого не остави рамнодушен, особено кога долгогодишниот играорец, а сега  кореограф во друштвото, Славе Јовески, ја покажа мајсторијата, качувајќи се на тапанот. Задоволство да се гледа и да се наполни душата, а на крајот да се дарува апалуз.

За празнична атмосфера се погрижија и гостите од КУД Темпет од Макарска, Хрватска.

Loading