КОН ВРВОТ

Ракомет

Екипата на Прилеп во плеј-аут разигрувањето од Супер лигата е во друштво на рамни и послаби од себе, така што очекувањето е да атакува на врвот од табелата, во конкуренција на пет тима. По ремито 24-24, каде најефикасни по седум гола беа Петкоски и Бозароски дома со Пролет, веднаш се случи враќањето в колосек, со победата од 25-30 на гости кај Работнички во Скопје. Десет гола даде Орјоникидзе, шест Јанески, по пет Петрески и Нешкоски. В сабота во 19 ч. е дуелот дома со Вардар јуниор и треба да се очекува победа. Условот е да се подобри играта во однос на претходните мечеви со Металург 2 и Пролет.

Табела: Радовиш 24, Прилеп 22, Пролет 20, Вардар ј. 16, Металург 2 – 15, Работнички 0. 

Loading