ИНВЕСТИЦИИ ВО СОУ ГИМНАЗИЈА ,,МИРЧЕ АЦЕВ”-ПРИЛЕП ВО ПЕРИОД ОД 2005 ДО 2017Г

investicii-01

Во СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев”-Прилеп во период од 2005 до 2017г остварени се инвестиции со финансиски средства од страна на Министерството за образование и наука , Локалната самоуправа на општина Прилеп, Агенцијата за млади и спорт на РМ, сопствени средства и средства од донации за.  

– опремување на училници со школски инвентар,

– промена на дограма за 18 училници,

– поставување на нов  парен котел,

– електронска ( видео и аудио) опрема,  

– компјутери за секој ученик

– бесплатни учебници од МОН

– поставување на видео надзор,

– реконструкција на санитарни јазли,

– поставување на ограден ѕи,

– промена на постоечкиот под во училниците,

– формирање кариерен центар,

– реконструкција на спортска сала,

– набавка на  нова спортска опрема и монтажа на вештачка карпа,

– реконструкција на  влез , хол  и поставување на пристапна рампа  во гимназијата,

– pреуредување на парковски површини во училишниот двор, поставување на летниковци и реконструкција на водоводната  и канализационата  мрежа,

–  oпремена  нова фитнес сала,

– iзградба на повеќенаменско  игралиште и

– изградба на тениско игралиште.

Во  СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев”-Прилеп во периодот  од 2005 до 2017г  реализирани се инвестиции со вкупна вредност од околу  20.000.000,00 денари. 

{AG}444/gim{/AG}

ЗНАЕЊЕ И НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДУХ 

Гимназијата „Мирче Ацев“ е современо училиште, кое од ден во ден, се унапредува и држи чекор со времето и модерните текови. Тоа е е најстарото средно училиште во градов и едно од најстарите во Македонија, основано во 1944 год. Денес има целосно нова дограма, нови подови, нови клупи и столчиња, нова опрема во спортската сала, нова ограда, комплетно реновинарни санитарии, нов изглед на парковската површина, нова фитнес сала и спортски терени. Процесот на подобрување на условите за учениците во Гимназијата не запира. Гимназијата е водечко училиште низ чии клупи минале многу ученици кои станале успешни во животот. Наставата која ја изведуваат квалитетни професори, на учениците им нуди гимназиско образование, со кое имаат можност да продолжат да студираат буквално на секој факултет во земјава или во странство. Гимназијалците постигнуваат највисоки резултати на многуте меѓународни и државни натпревари.

Има успешни ученици кои го развиваат талентот и креативноста. Пишуваат книги, пеат, рецитираат, музицираат, танцуваат, сликаат, фотографираат, прават претстави… Имаат успешни спортски екипи… Го имаат незаменливиот и спектакуларен “Гимфест”.

Имаат знаења, имаат моќ и едноставно имаат привилегија и чест што се дел од големото семејство како алка од образовнисот систем кое го носи името на херојот “Мирче Ацев”. Припаѓаат на воспитно – образовна установа, високо рангирана меѓу средните училишта, а во која владее натпреварувачки дух, дарбата и знаењата кои ги потврдуваат низ многуте проекти и манифестации. 

Loading