СТАРАТА ТРАДИЦИЈА ВО НОВ АМБИЕНТ

Vasko Gajtanoski - Ucilisteto e rasadnik na kadriСОУ „Кузман Јосифоски – Питу“

– Низ современи методи и вложувања се негува определбата на надградба на традицијата и училиштето останува расадник на квалитетни кадри

Во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“  постојано се вложува и се менува  изгледот на една од петте средношколски институции во градов. Училиштето со долга традиција на квалитетни кадри кои излегле од клупите постојано расте во институција која го отсликува внатрешниот квалитет и постигнувања. Не стивнува туку се распламтува стремежот да биде почитуван партнер во заедницата со обезбедена пријатна клима за работа на учениците од различните етнички заедници. Покрај квалитетниот наставнички кадар, тоа е модерниот пат, трасиран последниве години, за стекнување на квалитетни, трајни и применливи знаења и вештини. Низ современи методи, учениците се подготвуваат да бидат спремни за комплетно вклучување во новите општествени текови и пазарот на трудот.

И новиот прв човек  Васко Гајтаноски, по стапките на својот претходник, заедно со менаџерскиот тим, го одржува континуитетот на инвестирање во подобрување на  условите за  учење и работа, пред сé на учениците. Илустрирано со бројки, вложени се околу 650 илјади евра.

Zaednicki do izolirano uciliste

Во периодот од 2005 – 2016  година се инвестирало, опремување  фитнес сала, опремување на младинска организација, набавен е училишен инвентар, набавени се компјутери за секое дете и лаптопи за професорите, променета е застарената електрична инсталација да се отстранат пречките во работата на информатичката техника, опремен е кариерниот центар за наставни и воннаставни активности на учениците и се набавени камери за поголема безбедност на учениците, вработените и имотот на училиштето. Меѓудругото, комплетно е преуредена наставничката канцеларија, рехабилитирана е котларницата и машинскиот дел, ставена е во функција новата спортска сала за драстично менување на животниот стил на учениците и забрзано развивање на духот на спортување и физичка активност. Последниве години е изградено скалишно јадро и се реконструирани санитарните јазли. Заради штедење на енергија, училиштето е изолирано термички и акустично со замена на старите прозорци со нови од ПВЦ и термопан стакло и со поставување на термоизолациона фасада од 20 см. Со проектот Енерџи нет, сменет е и покривот и е поставен громобран. Просторот пред спортската сала е поплочен со бекатон плочки и е хортикултурно уреден.За подобрување на текот на наставата се поставени заштитни пердиња на сите прозорци. Паралелно се поставени клупи во училишниот двор и во ходниците. Климатизирани се канцелариите, а за попластично доловување и полесно совладување на градивото, се набавени ЛЦД телевизор, електронска табла и ЛЦД  проектори.

Nagledni sredstva za lesna nastava

Едукацијата на наставниот кадар е континуирана активност. Професорите се дел од проектот за модернизација на образованието и Е-школо/информатичка едукација.

Училиштето доби грант од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, за обуки во Беналмадена, Шпанија и Скарбро во Англија, грант за контакт семинар во Варшава, Полска, грант за контакт семинар во Зандворт Ан Зе, Холандија, грант за мултилатерален проект во е-твининг, учество во е-твининг виртуелни проекти. Реализирани  се твининг проекти и мобилност на учениците и наставниците во Полска, Бугарија и Германија.

Успешно функционира Центарот за образование на возрасни и обуките по сметководство во соработка со Агенцијата за вработување.

Merak za ucenje vo SOU Kuzman Josifoski  - Pitu

Не се мирува во тенденциите да се модернизира образовниот процес и амбиентот за работа. Предвидено е внатрешно уредување на кабинети и училници, отворање на медиотека, реновирање на книжарницата, воспоставување на топлотна врска со спортска сала, обновување на хортикултурата на училишниот двор. Гајтаноски со соработниците се ангажирани на обезбедување средства за надградба на знаењата на наставничкиот колегиум преку учество на контакт семинари, подготвителни посети, студиски посети. Продолжува и се збогатува соработката со  Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност. Поради позитивните ефекти веќе продолжуваат образованието на возрасни со втора генерација учесници и обуките по сметководство во соработка со АВР. Во тој контекст, за создавање поповолна клима за изведување на наставата нема да стивне соработката со локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески, со Министерството за образование и наука, Советот на родители, УСАИД, спонзорите, донаторите и сите други кои ќе придонесат да се интензивира подемот на СОУ ,,Кузман Јосифоски – Питу,,.

Fizicko vospituvanje vo nova sala

Loading