КОЛОРИТ НА СИТЕ НАЦИОНАЛНОСТИ

Реакција на Друштвото за наука и уметност

По повод актуелната криза, ДНУ укажа на потребата за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.

– Со оглед на времетраењето, сложеноста и интензитетот на актуелната политичка криза барема што побрза институционална разрешница, со почитување на важечкиот Устав и важечките закони. Соседните земји да се воздржат од  мешање во внатрешните работи на Македонија, во интерес на нејзината стабилност и безбедност, како и стабилноста и безбедноста на Балканот и Европа. И Македонците и Албанците, и Турците и Србите, и Власите и Бошњаците и Ромите…, не смееат да дозволат македонскиот народ да биде обвинет за геноцид, затоа што  овие простори секогаш биле колорит на сите овие националности. НОБ не е геноцид! АСНОМ не е геноцид! Апелираме да победи разумот. Македонија е една и единствена, немаме резервна татковина и ова скапо зачувано парче земја да го негуваме за нас и идните генерации – рече Слободан Беличански од ДНУ.

Loading