ПОКРИВ НА СЕВЕРНАТА ТРИБИНА

Тендерот за реконструкција на градскиот стадион

Konecniot izgled na stadionot

Во тек е тендерската постапка за реконструкција со доградба на градскиот стадион „Гоце Делчев“. Општина Прилеп издвои 30 милиони денари од буџетот за 2017 година. Со овој тендер предвидено е покривање и реконструкција на северната трибина на стадионот.

Сите заинтересирани економски оператори веќе можат да ги доставуваат понуди за овој договор за јавна набавка најдоцна до 7.март до 10 часот, исклучиво преку ЕСЈН ( www.e-nabavki.gov.mk).

Dve rekonstrukcii na stadionot

Паралелно веќе тече реконструкција на теренот на стадионот, каде се поставува нов дренажен систем и автоматско наводнување според стандардите на УЕФА. Овој дел од реконструкцијата се изведува согласно договорот од програмата „ХЕТ-ТРИК 4“ која е донација од УЕФА, а се реализира преку фудбалската федерација на Македонија.

Loading