НАД 10 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Doterani site ucilista

Повеќе од 10 милиони евра се вложени во образованието во периодот од 2005 до 2016 година. Буквално нема училиште каде се нема инвестирано, било тоа да се наоѓа во градот или во некое од населените места во Општината.

Бидејќи младите се иднината на една држава и општество, токму тука и беше ставен акцентот и приматот на локалната самоуправа за инвестиции во образовниот систем во соработка со Министерството за образование и Владата.

Се реновираа и реконструираа дури и најстарите училишта, во некои објекти, постари дури и од 90 години, каде учениците учеа во мизерни услови каде не се заковало клинец со децении и не бил вложен ниту денар со години. Голем број училишта комплетно се реновираа, добија нови училиници, компјутери, нагледни средства, спортски игралишта и сали. За последниве 12 години се случија најголемите инвестиции во образованието од постоењето на училиштата до денес.

Loading