ТАПИИ УШТЕ ЗА 60 ДИВИ ОБЈЕКТИ

Локалната самоуправа подели нови 60 решенија за легализација на незаконски изградени објекти. Со тоа вкупната бројка на озаконети објекти се искачи на околу 9.000.

Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп останува лидер во Македонија по легализирани објекти.

– Продолжуваме со ова темпо. Граѓаните добиваат имотен лист што не можеле да го добијат со децении. Сега стануваат сопственици – рече Ристески.

Според експертите, со легализацијата, граѓаните добиваат тапии за објектите, со што можат да подигнуваат кредит, а објектите да ги ставаат во залог кај банките како гаранција за враќање на кредитот.

Локалните власти потсетуваат дека крајниот рок за поднесување на елаборати во продолжениот рок од 2015/2016 година е крајот на 2017 година, а крајниот рок за сите комплетирани барања за доработување е 2021 година.

Loading