СЕ ДОТЕРУВА ДВОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО

Во Варош

Igralista i ograda za ucilisteto na Varos

Подрачното основно училиште ,,Блаже Конески,, во Варош ќе добие ново партерно уредување на дворот. Средствата се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, а инвестицијата чини 1,5 милиони денари. Проектот опфаќа уредување на дворното место со поставување на бехатон плочки, асфалт и ограден ѕид.

– Првпат во историјата се се уредува дворот. Покрај бехатон плочки, дел од дворот ќе биде асфалтиран за игралиште за баскет. Освен учениците, ќе можат да го користат сите други спортисти и ентузијасти од населбата. Во втората фаза ќе се инвестираат уште 2 милиони денари за комплетно оградување, средување на потпорниот ѕид и хортикултурно уредување на дворот. Досега се вложени 6 милиони денари, со што комплетно се уредени неговиот внатрешен и надворешен дел, вклучувајќи го покривот, инвентарот, подовите, тоалетите, а се поставени и нови прозорци за енергетска ефикасност” – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Во ова училиште учат околу 100 деца во 5 паралелки со по 20-тина деца.

– Во 2008 година се реновираа покривот и санитарните јазли за 1,8 милиони денари. Во 2013 година беа одделени 2 милиони денари за комплетно реновирање на подови, ѕидови, тавани и енергетски прозорци, а сега се уредува дворното место – истакна Марија Дулевска, директор на ОУ ,,Блаже Конески,,.

Инаку овој објектот е изграден во 1926 година и после скоро еден век инвестициите што ги направи оваа локална самоуправа се првите вложувања за реконструкција.

Loading