МЛАЗЕВИ ПРОТИВ УЛИЧНИОТ ПРАВ

Среде в зима

Tus na ulicite za da nema kal i   prasina

Иако е зима, малку повисоките дневни температури над нулата, комуналците веднаш реагираа да ги исчистат улиците од остатоците од од снегот и прав од фрлената ризла против неодамнешниот мраз. За неколку дена, вклучувајќи ја противпожарната единица со слободните цистерни, Комуналец, со шмркови и млазеви со вода, ги светна тротоарите и сообраќајниците во центарот. Се кренаа и собраа остатоците од абразивниот материјал со кој се посипуваа улиците за справување со снежните врнежи.

Од чистите улици беа задоволни граѓаните кои при движењето веќе не вдишуваа прав. И возачите имаа место за расположение, оти автомобилите малку им се валкаа.

Со постојаното одржување низ целата година, градот е оценет од туристите и гостите за најчист во земјава.

Инаку, Прилеп е меѓу првите градови кои воведоа селекција на отпадот и посебни корпи за отпадоци и контењери за пластика и хартија, ЈКП комуналец целосно го обнови возниот парк и е единствен град што користи технолошка вода за поливање на зелените површиин и парковите, дури и со димензии на Паркот на револуцијата, зеленилото во Точила, кај основниот суд, во Типската населба.

Loading