БЕСПЛАТНА ОБУКА НА НАЈСИРОМАШНИТЕ МЛАДИ

Отворен младински инфо кариерен центар

Младинската коалиција СЕГА во соработка со Општината и Центарот за социјална работа отворија Младински инфо кариерен центар чија цел ќе биде да обезбеди дополнителна обука на 28 млади кои доаѓаат од семејства корисници на социјална помош или се специфична ранлива група на млади за кои е неопходно да се обезбеди обука за нивно понатамошно кариерно насочување. Ова е дел од ИПА проектите кои обезбедуваат социјална инклузија на ранливите категории млади и ги зголемуваат можностите тие да излезат од категоријата корисници на социјална помош и да станат работоспособни.

Вклучени се млади од 18 до 29 години.

-Преку обуките ќе бидат опфатени 28 млади од фамилии, корисници на социјална помош. Со тренинзите ќе се изработи нивно кариерно портфолио. Во зависност од нивните компетенции, знаења и вештини, ќе им се даде основна насока кон кој бизнис би требало да целат. Од вкупниот број на обучувани млади, за 7-8  ќе обезбедиме првично практикантско искуство во бизнис секторот да се адаптираат на пазарот и да ги стекнат основните вештини на функционирање на работно место. Претендираме да ги користиме мерките на АВРМ за практиканството и да ги поврземе да останат 3 месеци. Со тоа ќе ја зголемиме можноста да го заработат своето прво работно место каде ќе одат на пракса – рече Зоран Илиески, извршен директор на коалиција СЕГА.

Центарот за социјална работа ќе селектира и вклучува млади од семејствата, корисници на социјална помош.

– Стручните работници ги избраа со запознавање и интервјуирање. Оние со капацитет и желба, ќе имаат шанса да се понудат на пазарот на трудот – кажа Снежана Јованоска, директор на Центар за социјална работа.

Проектот чинел околу 150.000 евра, а вакви центри освен во Прилеп, се отворени во Скопје, Битола и Штип. Вкупно во целиот проект требало да бидат опфатени околу 130 млади.

Loading