БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Општина Прилеп и УСАИД

Санација на старите градски извори

Vineta ivanoska na konfercija za klimatskite promenii

Во Скопје се одржа третата меѓународна конференција за климатски промени организирана во рамките на проектот на УСАИД на која учествуваа домашни и меѓународни експерти, граѓански организации од земјата и регионот, научници и практичари од областа на адаптацијата и ублажувањето на климатските промени, експерти за одржлив развој како и претставници од приватниот сектор. Прилеп беше една од десетте општини кои беа директно вклучени во овој проект, преку кој беше изработена Стратегија за климатски промени за периодот 2017-2022, а за реализација е избрана санацијата на старите градски извори.

Директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, порача дека главна цел на проектот е зголемување на отпорноста на локалните заедници и зајакнење на нивните капацитети да одговорат на предизвиците како поплави, ерозија и управување со водните ресурси.

– Подготвен е пристапот Зелена агенда што е клучен момент за УСАИД и партнерите. Тоа е можност да се погледа наназад на заедничкиот напредок во минативе четири години во справувањето со локалните предизвици на климатски промени со кои е соочена Македонија – рече Стајн.

Проектот е со проактивен пристап во прилагодувањето кон климатските промени и дава приоритет на стратегиите, базирани на локалните потреби. Беа вклучени локалните власти, граѓаните и граѓанските здруженија. Се изработија ефикасни локални стратегии за намалување на јаглеродните емисии и унапредување на адаптацијата. Имплементирани се 17 капитални мерки во десетте општини, кои ќе им помогнат на најранливите жители да ја зголемат отпорноста кон климатските промени.

Loading