КОЦКИ, НАМЕСТО КАЛДРМА

Prvin sokace so kocka denesnoto setaliste

Живо на „плочникот“. Се гради плоштадот во шеесеттите години. Се создава шеталиште. Насекаде  раскопано за поставување гранитни коцки. Калдрмата и прашината се заменуваат со “модерен” коловоз, не само за магариња, туку и за по некој автомобил. На голема врата влегува “цивилизацијата”. Градот се освежува со нов лик и добива современа урбана физиономија.

Работници, небаре мравјалник. Рачно редат коцка по коцка на песок, освојуваат  метро по метро за стабилен и безбеден од на граѓаните и на ретките автомобили.

Годините брзо минуваат. Остануваат спомените, кои се вечни. Исчезна калдрмата, блесна гранитот, а во средиштето е грандиозниот споменик на Крал Марко. Некогаш сон, а денес јаве.

Loading