МАНТА 20 ГОДИНИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

ОФС Прилеп

Во присуство на Златко Талевски, член на УО на ФФМ и градоначалникот Марјан Ристески, 40 делегати го одржаа Редовното изборно годишно собрание на ОФС Прилеп. За претседател е избран досегашниот, Марјан Стојкоски – Манта. Ова е негов петти четиригодишен мандат, што значи на функцијата ќе биде 20 години. Зад него е акумулираното искуство со завидни резултати и оттука е сосема очекувана едногласната поддршка за негово членство и во УО на ФФМ. Покрај него, во УО на ОФС се: Ирена Јакимоска (потпретседател), Петре Илиоски (секретар), Македонче Дуртаноски, Никола Тошески, Златко Наумоски, Никола Маркоски, Славе Ѓорѓиоски и Гоце Јовчески. Беа избрани и делегати за Собранието на ФФМ: Марјан Стојкоски, Ирена Јакимоска, Гоце Ингилизов, Марјан Ристески и Ацо Алексоски.

Собранието му даде поддршка на Илчо Ѓорѓиоски за нов мандат претседател на ФФМ.

Loading