ОДМОРОТ ПРИВРШУВА

Ракомет

Зимскиот одмор за ракометарите од суперлигашот Прилеп се уште трае и веројатно добро што е така, со оглед на поларните температури. Засега не е прецизиран датумот за првиот собир, но извесно е дека ќе се случи во втората половина од месецов. Има најава дека нареднава недела околу сите актуелности клубот ќе се произнесе на прес – конференција. Покрај оценките за досега постигнатото и очекувањата за иднината, сигурно дека ќе стане збор за местото шеф на Стручниот штаб, испразнето по разделбата со Томче Петрески. Навивачите ги интересира и дали ќе дојде до некоја промена во играчкиот кадар.

Првенството напролет ќе стартува од 19 коло, дома со Вардар јуниор.

Loading