ОПЕРАТИВЕН СТОЛ ЗА ОФТАЛМОЛОГИЈА

Витаминка и Прилепска Пиварница донираат

Одделението за офталмологија при болницата „Борка Талески“ ќе добие нов оперативен стол во вредност од 12.500 евра, што е заедничка донација на Витаминка и Прилепска пиварница. Станува збор за неопходна опрема со мултифункционални перформанси од реномирана производител.

Двете најголеми прилепски компании се обединија во хуманиот гест да го снабдат ова одделение со нова и мултифункционална опрема и уште еднаш на дело да ја покажат својата општествена одговорност.

-Како компании и граѓани на Прилеп треба да бидеме свесни за улогата во заедницата и одговорноста што ја носиме како стопански субјекти што потекнуваат од овој град. Со овој мотив, многу состојби може да бидат променети на подобро. Донацијата е и манифестација на нашата континуирана грижа за заедницата каде работиме и ги делиме потребите на нашите сограѓани – изјавија од Витаминка.

-Овојпат како дел од нашите активности за социјално општествена одговорност дониравме во прилепската општа болница. Се надеваме дека оваа наша заедничка иницијатива ќе ја следат и други компании и ќе придонесат за подобрување на здравствените услуги – изјавија од Пиварницата.

Loading