ПАРИ ЗА СТАДИОН И СТАРСКИОТ ДОМ

Донесен буџетот за 2017 г.

– Буџетот е тежок 1.066.807.000 ден.

Доста капитални проекти ќе се реализираат, а со кои ќе се подобри квалитетот на живеењето на граѓаните на општината со буџетот тежок околу една милијарда денари кој Советот го усвои за 2017 година.  

– Наредната година ќе биде доста поуспешна, бидејќи ќе се надмине и кризата со изборите. Годинава подолг период се одложуваа предвремените избори што се одрази на целокупното работење, животот и економијата во градот. Се надевам дека 2017 година ќе биде порелаксирана, освен локалните избори. Претстои мирна политичка година со повеќе инвестиции и подобрување на квалитетот на живеењето – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Основниот буџет на општината е 408 милиони денари, буџетот од блок дотации 577,12 милиони денари, саамофинансирачкиот дел 66, 98 милиони денари, а буџетот од донации е 14, 93 милиони денари.

– Приоритет в година е одржувањето и заштитата на локалните патишта, за што се има 71,5 милиони денари, за јавното осветлување, за реконструкција и градба има 33 милиони денари и за реконструкција на градскиот стадион што е дел од проектот со ФФМ има 30 милиони денари. 12,5 милиони денари се за културните манифестации и споменици. За кејски ѕидови на реката и регулирање на отпадните води се 11,5 милиони денари. За тротоари и пешачки мостови 7 милиони денари. За завршување на училиштето кај Сточниот пазар 9,6 милиони денари. 52 милиони денари ќе има и за ЈП, од кои за Комуналец 40 милиони, за Пазари 4 милиони денари и 8 милиони денари за ПУП кое го покрива и градскиот превоз. Обезбедени се и 3 милиони денари за превоз за учениците од средните училишта – рече Драге Звездакоски, раководителот на одделение за финансиски прашања.

Околу 3,5 милиони денари ќе бидат за финансиска санација на состојбите во Домот за стари лица.

Loading