ГУСТИРАА СТОБИ ФЛИПС И ГРАБНАА ТОЈОТА ХИБРИД

Највредната награда на Стобиранка кај семејството Николоски

image-0-02-05-8a3765f58c96027fa50bc0b6cbfaa29ddfc2b3aec6e4054e855de1e5be13544d-V

На највозбудливиот последен дел од наградната игра Стобиранка на Витаминка беше извлечен добитникот на главната награда, најновиот модел на Тојота Ц-ХР Хибрид. Највредната награда отиде кај семејството Николоски од Прилеп. Давид, еден од синовите на Николоски, кој легнува и станува и преку денот не ја испушта од раце кесичката Стоби флипс, стана сопственик на првиот ваков модел на автомобил во Македонија. Претседателот на Одбор на директори на Витаминка, Симон Наумоски го пречека семејството Николоски во просториите на Витаминка, а тие со насмевка на лицата се заблагодарија и возвратија со торта во форма на Тојота. Семејството Николоски ја посети и РЕ Флипс, каде одблиску се запозна со начинот на производство на незаменливиот и единствен Стоби флипс.

Уште двајца македонски обожаватели на Стоби флипс, Чоко Стоби флипс и останатите Стоби производи добија од Витаминка два Тојота Јариси во првите два циклуси од наградната игра.

Околу 300 илјади пликови стигнаа во Витаминка. Среќата им се насмеа на 531 потрошувач на Стоби производите, кои добија богати награди. Другите се забавуваа и уживаа со назаменливиот вкус на брендот Стоби флипс.

Секое извлекување беше надгледувано од петчлена жири комисија и секоја Стобиранка беше пренесувана во живо на YouTube каналот на Витаминка.

Наградната игра траеше три месеци, период во кој покрај  исчекувањата  и возбудата се дегустираше препознатливиот вкус. Овој производ на Витаминка кој започна да се произведува во далечната 1978 година стана заштитен знак за закуска на многу генерации.    

Loading