МАСАКР НА ВОШКИ

Bitka so voski

Човек што во животот немал вошки, веројатно лаже. Сите сме имале мали вампир – инсекти, кои ни ја цицале крвта од главата, при тоа создавајќи несмирливо чувство за чешање. Тоа не е за срамење, ни за плашење. Не помага ниту најдобрата лична хигиена, ниту “стаклено ѕвоно”. Вошките најдуваат чиста глава.

Никој не може да живее изолиран, па во група – на училиште, на пазар, на работа…, паразитите наоѓаат жртва. Во непрекинатата борба со нив се измислени чешли, шампони, прашоци против крвопијците.

Не било секогаш така. Според фотографијава, здравствени работници ја проверувале вошливостаи советувале како да се уништат несаканите гости во прамените. Превенцијата била едноставна. Машките деца се стрижеле “на нула” и главата им се мачкала со газија. Друго било чарето за девојките и жените, оти косите им се статус и женственост. Ним им се поштеле вошките. Со часови им се ваделе гнидите и вошките од прамените, макотрпно, влакно по влакно, со два прста. Несаканиот “гостин” го стегале со двата прста да пукне. Ако овој марифет не помагал, главата се прскала со инсектициди. Опасност демнела, зашто можело да доведе до труење.   

Loading