НОВОГОДИШЕН ПАНАЃУР ВО „ЦЕПЕНКОВ“

Novogodisni vozbuduvanja za decata i vozrasnite

За збогатување на семејна радосна атмосфера за новогодишните и божикните празници во фоајето на Центарот за култура како секоја година се организира мал новогодишен панаѓур. Десетина тезги светат и блештат во сите бои со новогодишни украси за весел домашен амбиент. Покрај лампионите, трепкачите светилки, дедомразовците во различни големини, се нудат многу видови на играчки за деца кои се најрадосни кога добиваат подароци за Новата година. Тезгите тежат – лежат и со камиончиња, пластични пушки, пиштоли, но и со кукли и други привлечни детски играчки за девојчињата. Баби и дедовци, родители со деца, во топла атмосфера и љубезни продавачи, избираат дарови за своите најблиски да им ги исполнат соништата и да ја направат повесела и почудесна последната ноќ од годината која никогаш нема да се заборави и долго ќе се памети. 

Loading