ПОРИБУВАЊЕ СО 200 КИЛОГРАМИ КРАП

Ribi za v leto

СРК Мамец го збогати Вештачкото езеро

Риболовците од Мамец го збогатија рибниот фонд на Вештачкото езеро со 100 килограми помладок и 100 килограми матица на крап. Порибувањето е согласнот со програмата за работа за 2016 година.

Инаку, риболовците на Мамец  во екипна конкуренција годинава го постигнаа најголемиот успех во историјата. Четвртпат стана апсолутни победници на Македонија во дисциплина лов на риба со јадица на пливка. Тримфот им носи учество на Светското клупско првенство во Франција в година. Иван  Илијевски се закити со титулата апсолутен победник во поединечна конкуренција. Екипата на Мамец во состав Иван Илијевски, и браќата Блаже и Рубин Николоски под водство на тренерот Кирил Николоски изборија пласман во македонската селекција за учество на Светско Првенство во Белгија во 2017 година.

Блаже Николоски го освои второто, брат му Рубин четвртото место во Супер лигата за 2016 година. Кадетот Стефан Богојески го зазеде третото место и ќе учествува на академијата за лов на риба со јадица на пливка. Тој доби и едногодишна стипендија од Агенцијата за млади и спорт. 

Loading