РАСТ НА СВЕСТА ЗА СИДАТА СО БАСКЕТ

Basket protiv sida

Со турнир во баскет меѓу екипи од средните училишта со 90 учесници се одбележа Светскиот ден за борба против сидата – Први декември. Организатор на манифестацијата беше Младинската организација на СОУ “Ѓорче Петров”.

– Турнирот е со цел да ја подигне свеста кај младите за ХИВ вирусот и за опасностите кои произлегуваат од оваа болест – рече ученикот Виктор Николоски.

– Во нашето медицинско училиште се одржуваат предавања за СИДА на часовите по хигиена – кажа Андреј Ристески, советник на младинска организација СОУ Ѓорче Петров.

Баскет играа 17 во машка и 5 екипи во женска конкуренција. Победниците добија пехари од Советот на млади при општина Прилеп.

Loading