ДЕРБИ ВО ВАЛАНДОВО

Трета

Осмиот есенски триумф тимот на Напредок Крушеани го постигна над Превалец со 1-0 со голот од пенал на Диме Рошкоски. Веќе в недела следи дерби во Валандово со второпласираната Победа. И домашниот тим е во одлична форма, со оглед на триумфот во Велес од 0-1 над Борец. Евентуален успех крушеанците ги носи поблиску до врвот. Од останатите екипи од регионот само Големо Коњари победи, со 2-1 дома над Младост Удово, а останатите беа поразени: Питу Гули – Гемиџии (0-1), Партизан Обршани – Кожуф (0-2). Наредни мечеви: Росоман – Г. Коњари, Гемиџии – Партизан, Младост – П. Гули.

Табела: Кожуф 33, Победа В. 31, Борец и Напредок 26, Превалец, Гемиџии и Партизан 20.

Loading